Тел. +389 33 511 250 | email vodoplast@vodoplast.mk

ВодоПласт, Вашиот верен партнер во било кој проект.

Секогаш достапни за вас

Во можност сме да одговориме на Вашите барања за понуди за максимум од 2 часа

Стабилен Добавувач

Брза и навремена испорака на нарачаните елементи согласно договорените рокови.

Стручен Тим

Комплетна техничка подршка за секој Ваш проект од идејно решение до реализација.

За нас

Водопласт е фирма со неколку годишно искуство на македонскиот пазар во делот на трговијата со елементи за надворешен водовод и канализација. Во продажната програма на Водопласт во делот на надворешниот водовод спаѓаат: фасонски елементи, вентили , арматури, прирабници, цевки, регулатори на притисок, усисни корпи, спојки и фланши за брза интервенција и сета останата фитингарија, а во делот на надворешни канализациони системи спаѓаат: Полиетиленски (РЕ) шахти и капаци, резервоари за вода, цевки, пречистителни станици за биолошки третман на вода, канализациони капаци лесен, среден и тежок тип, сливници и др. Водопласт е генерален застапник и дистрибутер за програмата на Zagožen и Aplast од Словенија. Покрај ова застапнишво имаме и официјален договор за продажба и дистрибуција на производите од Georg Fischer – WAGA Netherlands во кои спаѓаат добро познатите Multijoint спојки и фланши за брза интервенција.

Наша мисија

Водопласт има цврсто дефинирана мисија со која ќе овозможи на своите клиенти континуирано, во кратки и дефинирани рокови да ги снабдува со потребните материјали трговските фирми, градежниот сектор, јавните и комунални претпријатија и др. а на истите благовремено да им понуди комплетна стручна и техничка поддршка во секој нивни проект.

Во периодот во кој постоиме воспоставивме стандарди во трговијата со ваков вид на материјали, и на своевиден начин се имплементиравме во економските структури на Р. Македонија па и во регионот.

Ние сме Водопласт ДОО и постоиме да ви овозможиме професионални решенија и богат асортиман на производи како што се: фитинзи, арматури, затворачи, хидрантска опрема , водомери, цевки и останати репро материјали со димензии од DN50 до DN 1200

ВодоПласт, партнер на кој можете да сметате

VodoPlast
Zagozhen
Aplast
Georg Fischer

Како најлесно да не пронајдете

Движејќи се по магистралниот пат А3 кој тангенцијално поминува покрај градот Кочани, веднаш после знакот за населеното место г. Подлог треба да се исклучите десно за влез во град Кочани. На 1,2km од десна страна треба да поминете покрај бензинска пумпа на Макпетрол и на 150м треба да се исклучите лево по патот накај градскиот панаѓур во Кочани. На првата голема раскрсница вртите десно по ул. Скопска. По неа продолжувате само право и треба да стигнете до познат угостителски локал Софра кој ќе ви дојде од десна страна. Нашиот магацин и административни простории се наоѓаат веднаш спроти споменатиот локал.

Back to Top